Статистиката покажува дека популарноста на Северниот морски пат расте. Во 2012 година по него поминале 46 бродови - наспроти 34 во 2011, и само 4 во 2010 година.
Според податоците на Росморречфлот, во 2012 година по Северниот морски пат биле превезени околу 4 милиони тони стока, од кои 1,2 милиони тони транзитни, што е за 53% повеќе отколку во 2011 година (820.800 тони). Во 2013 година се очекува раст на транзитниот превоз за 5-6%.
Главната пречка за превозот на стока и бродовите - е мразот. За активна експлоатација на Северниот морски пат Русија веќе започна да гради нови мразокршачи.
Денеска се активни во Русија четири нуклеарни мразокршачи кои имаат по два реактора: „Русија“, „Советски Сојуз“, „Јамал“ и „50-годишнина од Победата“, како и два мразокршачи со по еден реактор - „Тајмир“ и „Вајгач“, како и атомскиот танкер „Северен морски пат“.
Оваа флота на мразокршачи ќе работи до 2022-2025 година, а на негова замена доаѓаат нови нуклеарни мразокршачи. Првиот од нив ќе биде готов до 2017 година, вториот до 2019 година, а третиот - до 2020 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче