Неколку оддели на компанијата „Гаспром“ ќе се преселат во Санкт Петербург. Одделите „постепено почнуваат да се селат, а со време сите други ќе следат“, изјави чиновник во администрацијата на Санкт Петербург. Тој известува дека канцелариите на „Гаспром“ ќе се наоѓаат во нов облакодер („Лахта центар“).
Височината на „Лахта центар“ изнесува 462 метра (86 катови). Вкупната површина – 330.000 квадратни метри. Планирано е да се изгради паркиралиште за 2.000 автомобили и конференциска сала за 500 луѓе. Рокот за изградба на облакодерот е до 2018 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче