Русија и Србија во Белград потпишаа долгорочен договор за испорака на руски гас. Според зборовите на шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, документот предвидува гаранции за испорака на гас до 2021 година по цена која е за 13% пониска од сегашната.
На документот се потпишаа Алексеј Милер, Владимир Колдин, шеф на претпријатието-посредник „Југорсгас“ и раководителот од српското национално претпријатие „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.
Обемот на испорака ќе изнесува 1,5 милијарди кубни метри годишно. Притоа, точната цена за гасот не е објавена. Како што јави во почетокот на март помошникот на министерот за енергетика на Србија, Петар Станоевиќ, Белград планира во 2013 година да купува руски гас по цена од 370 долари за илјада кубни метри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче