Заменикот на претседателот на Патријаршиската комисија за прашања за семејството и заштита на мајчинството, протојереј Дмитриј Смирнов, предложи да се воведе во руските училишта предмет за „смислата на животот“. Според мислењето на отецот Димитриј, тој предмет треба да го изучуваат „следните генерации“.
„Добри се алгебрата и геометријата, добри се и биологијата и географијата, добра е и руската литература – но главниот проблем тие не го решаваат“, изјави протојерејот за време на лекцијата „Црквата во современиот свет: митови и реалност“, која ја одржа во Северниот државен медицински универзитет во Архангелск.
Според зборовите на отец Димитриј, „трагедијата на човекот и човештвото се состои во трката за лажни цели. Во нашата држава тоа е посебно забележливо: луѓето се несреќни. Наместо животот да носи радост – се случува сосема обратното“, рекол свештеникот.
Тој подвлекол дека Русите „треба да ја изменат свеста, и тоа целосно. Треба да се менува смислата на животот и нејзиниот правец. Секој крстен човек, како прво, треба да ја осознае одговорноста пред Бога и пред сите луѓе. Второ – тој треба да се преориентира и да живее не за себе, бидејќи тоа е бесмислено, туку да живее исполнувајќи ја Божјата волја. Тоа е опишано во Новиот Завет. Правете сè само за славата Божја“, советуваше протојерејот Смирнов за време на лекцијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче