Двете стратешки атомски подморници од проектот 955 („Бореј“), „Александар Невски“ и „Владимир Мономах“ ќе стапат во служба во Морнарицата на Русија до крајот на годинава.
Во моментов првата сериска нуклеарна подморница од проектот 955 „Александар Невски“, се наоѓа во фаза на испитувања. Втората сериска нуклеарна подморница „Владимир Мономах“ ќе ги започне своите испитувања кон крајот на јуни, почетокот на јули во Белото море. Откако ќе завршат фабричките, веднаш после нив ќе започнат државните испитувања. Тие треба да завршат со лансирање на ракетата „Булава“.
Претходно е соопштено дека нуклеарната подморница „Александар Невски“ може да не биде завршена годинава, бидејќи нема да успее да ги заврши сите испитувања.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче