Министерството за култура ќе го осигури Кремљ и другите споменици на културата

Министерството за култура заедно со експерти ќе создаде предлог-закон за задолжително осигурување на главните споменици на културата во државата.

Министерството за култура заедно со експерти ќе создаде предлог-закон за задолжително осигурување на главните споменици на културата во државата. Пред сѐ, станува збор за објектите од списокот на Светското наследство на УНЕСКО и објектите од федерално значење, во кои влегуваат Московскиот Кремљ, Новодевичкиот манастир, Троицко Сергиевата лавра, Ермитаж и други објекти.

Се смета дека осигурувањето ќе ги покрие случаите на оштетување на спомениците од културата при изведувањето на реставрација или други работи. Исто така, станува збор и за осигурување во случај на пожари, како и природни катастрофи.

Прашањето за осигурување на спомениците веќе неколку пати е разгледано во овие две децении за време на подготвувањето на законот „За објектите од културното наследство“. Сепак, ова прашање не било досега внесено на разгледување, бидејќи неколку министерства досега даваа негативни оценки за истиот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.