Колку повеќе стаж, толку поголема пензија

Во Русија се појави нова пензиска формула.

35.600 денари - толку, според специјалистите, ќе изнесува пензијата за мажите, во случај истите да се решат да продолжат да работат пет години после пензиската возраст.

Новата пензиска формула е создадена од експертите на Институтот за социјална анализа и прогноза при Руската академија за стопанство и државна служба. Концепцијата на новата пензиска формула е внесена на разгледување во владата пред пет дена.

Средната пензија годинава во Русија предвидено е да достигне 15.000 денари, додека до 2015 година - таа ќе се зголеми до 20.100 денари.

Според замислата на создавачите на новата формула за пресметка на пензијата, доколку граѓанинот оствари 35 години стаж, тој ќе добива пензија од 25.500 денари, а ако продолжи со работата уште 5 години - таа ќе изнесува 35.600 денари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.