Путин даде интервју пред почетокот на самитот на земјите БРИКС

Пред започнувањето на самитот БРИКС, кој ќе се одржи на 26-27 март во Јужна Африка, Владимир Путин даде интервју за руската агенција ИТАР-ТАСС.

Пред започнувањето на самитот БРИКС, кој ќе се одржи на 26-27 март во Јужна Африка, Владимир Путин даде интервју за руската агенција ИТАР-ТАСС. Во текот на разговорот, Владимир Путин рече дека „БРИКС - е еден од клучните елементи за создавање на мултиполарен свет. Учесниците на БРИКС се залагаат за создавање на урамнотежен и поправеден систем на меѓународни економски односи. Доказ за тоа е минатогодишното консолидирано усвојување на одлуката за учество во пополнувањето на кредитните средства на ММФ со 75 милијарди долари, што доведе до зголемување на уделот на земјите во развој во капиталот на Фондот“.

Путин, исто така, рече дека Русија, како иницијатор и претседавач на првиот самит на земјите од БРИКС - смета дека учеството во работата на оваа група е еден од приоритетите во својата надворешна политика. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња