Рускиот поранешен министер за финансии, Алексеј Кудрин, смета дека основната одговорност за ситуацијата на Кипар лежи врз Европската Унија и нејзините регулатори, кои навреме не успеаја да донесат мерки за решавање проблемите со долгот на Кипар.
Кипар по барање на ЕУ објави дека од депозитите до 100.000 евра ќе зема 6,75%, а од поголемите депозити – 9,9%. Островската држава се плаши од масовно напуштање на капиталот после принудната преструктуризација на депозитите, поради што Централната банка на Кипар забрани било какви плаќања или трансакции кај локалните банки. Гласањето за данокот во кипарскиот парламент ќе се одржи во понеделник.
Според оценката на Mood’s, банките на Руската Федерација кои вршат операции со регистрирани компании на Кипар од руско потекло – ризикуваат да изгубат од 43 до 53 милијарди долари.
„Основната одговорност за ситуацијата на Кипар ќе падне врз Европската унија и нејзините регулатори“, напиша Кудрин на својот микроблог на Твитер.
Притоа, тој додаде дека „приватниот сектор треба да учествува во решавањето на проблемот, бидејќи во спротивност – ќе изгуби најмногу. Обично учеството на бизнисот во преструктуирањето се случува како резултат на преговори, но сега повеќе нема време“, напиша поранешниот министер за финансии.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче