Централното биро за проектирање и морско инженерство „Рубин“, започна со изградба на подморница од петтата генерација, соопшти генералниот директор на компанијата, Игор Вилнит.
Претходно командантот на Воено-морската флота на Русија, Виктор Чирков, изјави дека сериското производство на подморниците од петтата генерација ќе започне после 2030 година.
Во моментов во Воената морнарица на Русија се застапени бродови од третата генерација. Првата подморница од четвртата генерација - „Јуриј Долгоруки“ е пуштена во вода во јануари 2013. Во четвртата генерација нуклеарни подморници влегува и проектот 885 „Јасен“, додека главната подморница „Северодвинск“ се наоѓа во фаза на тестирање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче