Руските компании и банки можат да го напуштат Кипар. Тоа е поврзано со одлуката да се оданочат депозитите во кипарските банки со зголемување на данокот на добивка во замена за итната финансиска помош од Европската Унија.
„Оваа одлука на ЕУ ќе се одрази на руските компании со тоа што истите ќе бараат слични офшор зони на друго место. Од таквите места, Белизе изгледа најперспективно“, изјави Антон Данилов.
Русите во банките на Кипар имаат депозити во вредност од 18,3 милијарди долари. Тие со овој данок би можеле да изгубат околу 2 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче