Шереметјево ќе изгради нов терминал и тунел за 370 милиони долари

Најголемиот аеродром во Москва со нов терминал.

Аеродромот Шереметјево го откри планот за развој на Северен терминален комплекс. Според замислата на компанијата, на првата етапа на местото на стариот терминал Б ќе биде изграден нов терминал за 10 милиони патници годишно, со што целата Северна зона на аеродромот ќе може да опслужува до 40 милиони луѓе годишно. Вредноста на новиот терминал се проценува на 200 милиони долари, и уште 100-150 милиони долари ќе бидат потребни за изградба на подземен тунел кој ќе ги поврзе Северната и Јужната зона од аеродромот.

Терминалот Б е пуштен во употреба во 1964 година и тогаш бил планиран за само 4 милиони патници годишно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња