Аномално време во Москва: во градот ќе падне најголемиот снег во последниве 50 години

Во Москва снег дури и во март.

Силни врнежи од снег со ветер ќе има во Москва во следниве неколку дена, изјави за новинарите заменикот на градоначалникот на Москва, Петар Бирјуков. „Од 13 до 17 март“ во Москва се очекуваат врнежи од снег со различен интензитет. Според податоците на синоптичарите, се очекуваат нови 25 сантиметри врнежи. Во март такви врнежи се случуваат еднаш во 50 години“.

Заменикот на градоначалникот ги увери граѓаните на Москва дека сите комунални служби веќе се на готовс и се подготвени да работат деноноќно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња