Русија нема да им ги препушти на другите своите позиции на светскиот пазар на оружје

Виетнам ќе продолжи да купува руско оружје, но не само тоа - Русија на оваа земја ќе ѝ помогне при создавањето на подморничка флота.

Виетнам ќе продолжи да купува руско оружје, но не само тоа - Русија на оваа земја ќе ѝ помогне при создавањето на подморничка флота. А во светската хиерархија на извозници на оружје, Русија уште барем една деценија ќе го зазема второто место, веднаш после САД.

Русија и Виетнам наскоро ќе склучат договор за условите на руските воени бродови и нивното присуство во виетнамските пристаништа, соопшти министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. Освен тоа, оваа година руската компанија „Адмиралтејски бродоградилишта“ ќе испорача на Виетнам 2 до 6 подморници. Се работи за дизел подморници од проектот 636 „Варшавјанка“.

Освен ова, Виетнам активно купува повеќенаменски ударни бродови од класата „Гепард“. Исто така, по руска лиценца во Виетнам ќе се произведуваат ракетни моторни чамци кои поседуваат голема ударна моќ.

Освен тековните договори за испорака на модерна воздухопловна техника и различни видови копнено вооружување на Виетнам, во оваа земја сѐ уште има огромна количина на воена техника од советско производство. Многу примероци од ова оружје можат да бидат модернизирани, и рокот на нивната експлоатација да биде продолжен. Земајќи го предвид сево ова, Виетнам се искачува на третото место според количината на купено руско оружје. Првото место го зазема Индија, второто Венецуела, а на третото засега се наоѓа Кина.

Сепак, пазарот на оружје е вонредно мобилен и непредвидлив. Во различни земји се менуваат владите, а воено и приоритетите на надворешната политика. На пример, никој не очекуваше дека после толку години присуство на војската на САД во Ирак - дека оваа земја ќе склучи еден голем пакт за испорака на оружје. Ирак ќе купи од Русија воени хеликоптери и противвоздушни комплекси. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња