Руската економија е стабилна, но постојниот модел е лишен од возможност за понатамошен раст. Ова го изјави шефот на постојаното претставништво на ММФ во Русија, Од Пјер Брек. Прв чекор кон изградбата на нов модел треба да биде цврстата финансиско-кредитна и буџетска политика. Руските експерти имаат различни коментари за советите на ММФ.
Основни двигатели на економскиот раст во Русија во предкризните години беа растот на цената на нафтата и зголемувањето на производството на веќе постојните капацитети, а не инвестиции во нови. Така сметаат експертите на ММФ, подвлекувајќи дека овој модел најверојатно го достигна својот „врв“. Тоа не значи дека руската економија ќе престане да расте или дека ќе паѓа, но темпата на раст тешко дека ќе достигнат повеќе од 4% годишно. До кризата тие изнесуваа 5,5%. Слични резултати руските власти сакаат да постигнат до 2018 година. На Краснојарскиот економскки форум, премиерот Медведев забележа дека враќањето кон докризниот модел е невозможно, и дека треба да се бара нов модел за раст.
За да се оствари тоа потребни се економски реформи, забележуваат експертите на ММФ. Првите чекори во тој правец руските власти веќе ги направија: воведување на буџетски правила кои ограничуваат користење на доходите од нафтата и гасот, борба со инфлацијата и т.н. Сето тоа треба да биде основа за идниот раст на економијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче