Во Архангелск се појавија црвени мразулци

Природен феномен - црвени мразулци.

Соработниците во Северната управа за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина зедоа примероци од црвени мразулци кои се формирале на покривите на куќите. Според прелиминарните анализи, обоените мразулци имаат слаба алкална реакција со средината. Во нив не постојат микроорганизми. Истовремено, во примероците се појавиле остатоци од растителни влакна и минерални честички.

Слични природни загатки веќе се видени во Русија. Во неколку региони на Ставропол паднал розов снег. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња