Сер Џејмс Голвеј: „Фестивалот во Сочи е фантастичен!“

Сер Џејмс Голвеј за фестивалот во Сочи.

„Прва флејта во светот“ - така го нарекуваат познатиот британски музичар, сер Џејмс Голвеј. Не е ни чудо што имено тој стана главна ѕвезда на Меѓународниот фестивал на уметноста во Сочи. Овој фестивал веќе шести пат се организира во градот на зимската Олимпијада во 2014 година од страна на рускиот музичар Јуриј Башмет.

„Тоа е фантастичен фестивал! Тој опфаќа и балет, и театар, и симфониски концерти, и народна музика, и изложби. Значи, љубителите на уметноста можат веднаш да добијат сѐ, што инаку можат да добијат само во Москва. Освен тоа, има луѓе кои живеат во околината на Сочи, на час или два со кола. Ако тие сакаат, можат да дојдат во градот, да преноќат во хотел и да гледаат балет.“, изјави Голвеј.

Според зборовите на сер Голвеј, руската култура него го воодушевува. И тоа не само нејзините претставници, туку и самиот интерес за културата кај обичните луѓе.

„Еден ден се договорив да одам на гости кај пријателка, но нема да одам со кола, туку со метро. Сакав да видам како изгледа вашето метро, бидејќи е надалеку познат. Се симнав долу и видов дека речиси сите читаат книги. Знаете, во метрото во Лондон тоа нема да го видите - тоа е голема разлика. Значи, можете да бидете горди: Русите се голема нација!“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња