Градоначалникот на Москва: властите во Москва немаат ниту еден проект за изградба на нови џамии

Во Москва не се градат џамии.

Во Москва нема ниту еден нов проект за изградба на џамии. Ова го соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, одговарајќи на прашањата на слушателите.

„Да се градат во Москва џамии за сите кои ќе сакаат - сметам дека тоа е премногу“, изјави градоначалникот. Тој спомна дека изградбата на религиозни објекти е одобрувана од градоначалниците на реоните во Москва.

Собјанин смета дека постои напрегнатост на национална почва. Сепак, никакви етнички реони нема да се појават во Москва.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.