77% од русинките сакаат брак со воено лице

77% од жените во Русија сакаат да склучат брак со воено лице. Овие податоци се наведуваат во анкетата на истражувачкиот центар на порталот Работа@Mail.Ru.

77% од жените во Русија сакаат да склучат брак со воено лице. Овие податоци се наведуваат во анкетата на истражувачкиот центар на порталот Работа@Mail.Ru

Три од четири жени го сметаат за привлечен бракот со професионално воено лице, пред сѐ, затоа што нив ги сметаат за „вистински мажи“. Ова мислење го има секоја втора претставничка од понежниот пол. Животот со таков човек, според нив, дозволува да се чувствуваат „сосема безбедно“, заштитени од незгоди.

Сепак, некои претставнички од понежниот пол ги привлекува не само мажественоста на војниците, колку и „плусовите“ кои доаѓаат заедно со таа професија. Меркантилните интереси ги водат 12% од жените, според кои „воените лица добро заработуваат“, додека 9% сакаат да бидат со воено лице „бидејќи полесно добиваат стан“. Уште 10% од испитаните жени ги привлекуваат постојаните преселби на воените лица по државата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња