Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека ги поддржува интересите на Русија во Средоземното море, подготвен е да ги заштити, па затоа нареди да се создаде одделна оперативна управа на Воено-морските сили на Руската Федерација.
„За заштита на националните интереси на Русија во средоземноморската зона, како и обезбедување на постојано присуство во неа на силите на флотата, неопхдоно е да се создаде оперативна управа на Воено-морските сили“, изјави Шојгу на проширениот состанок во Министерството за одбрана.
Претходно, висок претставник на Министерството за одбрана соопшти за РИА Новости дека руските воени бродови ќе се наоѓаат во Средоземното море на постојано дежурство, недалеку од бреговите на Сирија. Тој забележа дека Средоземното море влегува во зоната на дејства на Црноморската флота на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче