Подготовката на руските војници ќе се врши на електронски симулатори

Основата на борбената обука на војската, на која Министерството за одбрана посветува најголемо внимание, се обуките на електронски симулатори, ласерни симулатори и нови, напредни видови полигони.

Основата на борбената обука на војската, на која Министерството за одбрана посветува најголемо внимание, се обуките на електронски симулатори, ласерни симулатори и нови, напредни видови полигони. Ова го изјави првиот заменик-министер за одбрана, Аркадиј Бахин.

„Борбената обука треба да биде основана на високотехнолошки принципи. Новиот систем за борбена обука предвидува обука на вискотехнолошка опрема, електронски симулатори, кои реално ја прикажуваат борбата“, изјави Бахин.

Исто така, тој забележа дека во војската нема да се намали бројот на часови посветени на физички тренинг. Во овој момент тој показател изнесува од 18 до 25 часа физички тренинг неделно. Разликата ќе зависи од родот на војската. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.