Некаде во периодот од 2020 до 2025 година, населението на Русија може да се зголеми до 148-150 милиони, смета министерот за труд и социјална заштита, Максим Топилин. Постигнувањето на овие показатели е возможно доколку во следниве години се задржи бројот на родени на 1,7 милиони годишно.
Својата оценка министерот ја изнесе на состанокот на Советот при претседателот на Русија, посветен на реализациите на приоритетните национални проекти и демографска политика. Во долгорочната „Концепција за демографската политика“ се наоѓаат плановите за зголемување на бројот на население во Русија до 145 милиони до 2025 година. Во овој момент во Русија живеат 143 милиони луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче