Американците пијат повеќе од русите

Статистиката го поби митот, според кој граѓаните на Русија пијат најмногу од сите во светот.

Статистиката го поби митот, според кој граѓаните на Русија пијат најмногу од сите во светот. Според информациите на американскиот истражувачки институт Impact Databank, продажбата на алкохолни пијалаци во 2012 изнесувала 226 милиони децилитри, што е двојно повеќе, отколку во Русија. Имајќи го предвид фактот дека САД има двојно повеќе население од Русија, може да се каже дека американците пијат исто колку и русите. Притоа, најпопуларен пијалак и во двете држави е вотката.

Пазарот на алкохол во САД расте постојано во последниве неколку години. Во 2012 година, побарувачката на алкохолни пијалаци се зголеми за 3%, достигнувајќи 226 милиони децилитри.

Во Русија, според податоците на руското Биро за статистика, во 2012 производството на пијалаци со повеќе од 25 степени – изнесувало 113 милиони децилитри. Притоа, експертите сметаат дека консумираната количина е пониска, бидејќи производителите создаваа резерви пред растот на акцизата во 2013 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња