Русија испорачува во Сирија само противвоздушни системи и резервни делови, соопшти на журналистите директорот на „Рособоронекспорт“, Анатолиј Исајкин.
„Со Сирија ние соработуваме и ги остваруваме претходните нарачки за испорака на техника. Но техниката која ја испорачуваме не е од офанзивен карактер. Ние испорачуваме системи за противракетна заштита и резервни делови“, појасни тој.
Исајкин подвлече дека во Сирија не се испорачува ниту авио-техника, ниту хеликоптери. „Воено-техничката соработка се развива според меѓународните правила“, забележа тој.
Генералниот директор потврди дека Русија со Сирија има уште неисполнети договори, но не појасни, за каква техника станува збор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче