Руската армија ќе добие „шведска маса“

Руските војници во текот на оваа година ќе добијат нов систем на исхрана.

Руските војници во текот на оваа година ќе добијат нов систем на исхрана, популарно наречен „шведска маса“. Ова го соопшти генерал-мајорот на руската армија, Александар Лапин.

„Веќе во март две бригади ќе преминат на нов модел на исхрана, а кон крајот на годината - сите единици“, изјави Лапин.

Генералот, исто така, изјави дека по наредба на министерот за одбрана на Руската Федерација, на секој кат од касарните отсега ќе има просторија за чај. Освен тоа, во секоја чета сега има правосмукалка за влажно чистење во касарните.

„А веќе напролет ќе започнеме да ги добиваме новите униформи“, додаде Лапин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.