На Курилските острови започнаа големи воени вежби

Уште една воена вежба во Русија оваа година.

На Курилските острови започнаа големи воени вежби, во кои ќе учествуваат околу 1000 војници и до 300 парчиња техника.

Началникот на Источниот воен округ, потполковник Александар Гордеев, на прес-службата забележа дека „подготовката има планска природа, во неа ќе учествуваат митралеско-артилериските единици, силите и средствата на Тихоокеанската флота, командата на Воено-воздушните сили и противвоздушната одрбана“. Според податоците кои ги изнесе Гордеев, на различни етапи од вежбите ќе се вклучат митралеско-артилериските единици, воената авијација, бродовите на Тихоокеанската флота, а исто така и силите од единици кои се наоѓаат на островите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.