Никој, освен Русија, нема да ѝ даде на Индија современи воени технологии

Русија со своја понуда на оружје на изложба во Индија.

На деветтата меѓународна авио-космичка изложба „Аеро Индија-2013“ (6-10 февруари, град Бангалор), делегација на рускиот државен извозник на вооружување и воена техника - „Рособоронекспорт“, им претстави на гостите и учесниците на изложбата најнови извозни примероци на руската авио-техника и средба за противвоздушна одбрана, а исто така ќе разговара за перспективните правци на воено-техничката соработка со Индија и со другите држави во регионот.

Еден од проектите чии перспективи треба да бидат наскоро определени од индиската страна, е програмата предложена од Рособоронекспорт во рамките на учество во тендерот за испорака на 197 хеликоптери за разузнавање и набљудување. Уникатноста на рускиот предлог е во тоа што, освен по своите летно-технички карактеристики, најновиот мултифункционален хеликоптер Ка-226Т идеално одговара за решавање на извршување на задачите на нарачателот.

Во оваа година на штандот на компанијата е претставена информација за палубниот авиони МиГ-29К и МиГ-29КУБ, Јак-130, авионот-танкер Ил-78МК-90, најновиот воено-транспортен авион Ил-76МД-90А, мултифункционалниот авион-амфибија Бе-200, хеликоптерите Ми-35М, Ми026Т2, Ка-31 и Ка-226Т, а исто така и многу дриги најнови примероци од продукцијата на руската авио-индустрија.

Актуелна тема на „Аеро Индија-2013“ се и плановите за создавање во Индија на системи за противвоздушна и противракетна одбрана, без кои е невозможно да се зборува за ефективна безбедност на државата. Искуството на Русија е огромно, и затоа во Бангалор е претставен широк спектар на системи кои се способни гарантирано да заштитат од напад од воздух: „Антеј-2500“, „Тор-М2Е“ и „Бук-М2Е“, а исто така и „Панцир-С1“ и „Игла-С“.

ОАО „Рособоронекспорт“ е единствена државна организација во Руската Федерација за извоз на целиот спектар продукција, услуги и технологија за воени потреби. Рособоронекспорт е еден од лидерите на светскиот пазар на вооружување. Оваа компанија извезува 80% од руското вооружување и воена техника. Рособоронекспорт соработува со повеќе од 700 претпријатија и организации од рускиот одбранбено-индустриски комплекс. Географијата на воено-техничката соработка на Русија опфаќа повеќе од 70 држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња