Во Урал се планира изградба на италијанска фабрика за производство на мебел. Ова го изјави Алберто Друди, претставник од провинциите Пезаро и Урбино за време на посетата во Екатеринбург.
Руската и италијанската страна се договорија потесно да градат „економски врски од кои двете страни ќе имаат корист“, како и да делат комерцијално, трговско-економска, научно-техничка, законодавна и друга информација за заемна корист. Договорот за соработка меѓу Свердловскиот Сојуз на индустријалци и претприемачи и провинциите Пезаро и Урбино е потпишан на неодреден временски период и може да биде раскинат од било која страна после известување за тоа во писмена форма.
Освен договорите за перспективната трговска и индустриска соработка, посетата беше искористена и за поконкретни преговарања. Италијанците изјавија дека сакаат да изградат на Среден Урал фабрики за производство на мебел, да ја обучуваат руската младина и да воспостават чартер линии.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче