Претседателот на „Роснефт“, Игор Сечин, потпиша договор со полката PKN Orlen за директна испорака во Полска на 18 милиони тони нафта во следниве три години, соопшти компанијата. Сумата на зделката изнесува околу 15 милијарди долари при сегашните цени на нафтата. Договорот стапи на сила на 1 февруари. Нафтата ќе се доставува по нафтоводот „Дружба“, а освен тоа, можна е доставка по море до Гдањск.
Досега основен доставувач на руската нафта беше швајцарскиот дилер Mercuria Energy Trading и структурата на групата „Сума“ и „Сојуз петролеум.
Сега „Роснефт“ може да заштеди на маржата од дилерите (таа досега изнесуваше од 0,15 до 0,2 долари за барел). Но, од друга страна, таа ќе преземе врз себе ризици, како финансиски, така и производни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче