Трошоците за Олимпијадата пораснаа за 5 пати – до 37 милијарди евра

Државната корпорација „Олимпстрој“ ја процени вредноста на Олимпијадата во Сочи 2014, односно, нејзината подготовка и одржување – на 37 милијарди евра.

Државната корпорација „Олимпстрој“ ја процени цената на Олимпијадата во Сочи 2014, односно, нејзината подготовка и одржување – на 37 милијарди евра.

Во материјалите за состанокот на комисијата за подготовка за Олимпијадата се преметани само две третини од трошоците – повеќе од 1 милијарда рубљи. Но дел од сумата претставуваат трошоци од буџетот за изградба на железнички линии и нови автопати од Адлер од Краснаја Полјана. Трошоците само за оваа инфраструктура ќе изнесуваат речиси 6 милијарди евра.

Трошоците за Олимпијадата пораснаа за 5 пати од првоначалните 320 милијарди рубљи (7.9 милијарди евра). Тие повеќе нема да растат, изјави министерот за спорт, Виталиј Мутко. Трошоците растеа најчесто поради тоа што инвеститорите вклучувале во олимписките проекти сè што тие градат во Сочи, на пример, корпоративни хотели. Тоа им давало предност во договарањето со државата за тарифите, кредитите и бенефициите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.