Руската православна црква одбележа четири години од устоличувањето на патријархот Кирил

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, на 1 февруари одбележа четири години од своето доаѓање на патријаршискиот престол.

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, на 1 февруари одбележа четири години од своето доаѓање на патријаршискиот престол.

РПЦ секоја година традиционално го одбележува денот на устоличувањето на својот поглавар како голем празник. Патријархот утрово служеше литургија во црквата на Исус Христос Спасителот. Во свечената богослужба учествуваат стотина архиереи на РПЦ и членови на Архиерејскиот собор кој заседува во Москва од 2 до 5 февруари.

Претседателот Владимир Путин упати на патријархот телеграма со честитки. Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, дојде во црквата на Исус Христос Спасителот за лично да му честита на патријархот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња