Москва ги проверува известувањата за бомбардирањето од Воено-воздушните сили на Израел во Сирија. Ако информацијата се потврди - тоа ќе биде грубо нарушување Повелбата на ООН, изјавува МНР на Руската Федерација.
Претходно Дамаск го обвини Тел-Авив за авионско бомбардирање на еден од своите научно-истражувачки центри, каде како резултат загинале двајца. Медиумите не исклучуваат дека цел на нападите се складовите на хемиско оружје.
„Во Москва крајно загрижено ги примија вестите за бомбардирањето од страна на Воено-воздушните сили на Израел врз објекти во Сирија, недалеку од Дамаск. Ако оваа информација се потврди, ние имаме работа со непровоциран напад на цели на територијата на суверена држава, што е грубо нарушување на Повелбата на ООН и е тотално неприфатливо, какви и да биле мотивите за таа акција. Преземаме мерки за разјаснување на ситуацијата во сите нејзини детали“, се кажува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.
Во ООН информацијата за бомбардирањето врз сириски објекти засега не ја потврдуваат. Според зборовите на заменикот на официјалниот претставник на генералниот секретар на ООН, Едуардо Дел Буеја, такви податоци ООН немаат. Меѓутоа, тој призна дека миротворците кои се наоѓаат во Либан забележале зголемена активност на израелски Воено-воздушни сили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче