Новиот претседател на Чешка е попрагматичен во односите со Руската Федерација

Изборот на екс-премиерот Милош Земан за претседател на Чешка може да ѝ помогне на државата подлабоко да се интегрира во Европската Унија, а односите со Русија да станат попрагматични, сметаат експертите.

Милош Земан ќе води кон Русија политика на зближување преку економска соработка. Тој исто така ќе ѝ помогне на државата подлабоко да се интегрира во Европската Унија.

На 26-ти јануари, социјал-демократот Земан во вториот круг од првите сенародни избори за претседател на државата доби речиси 55% од гласовите, победувајќи го својот конкурент, шефот на Министерството за надворешни работи на Чешка, конзервативецот-центрист Карел Шварценберг.

Сега руските политичари можат да издишат со олеснување, смета претседателот на президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика, Фјодор Лукјанов.

„Доколку Шварценберг станеше претседател, можеле да се очекува цврста позиција на Чешка  не само кон Русија, туку и кон Украина. Шварценберг се покажа како човек со јасни ставови за односите кон тие земји. Претседателството на Шварценберг би било слично како она на Вацлав Хавел“, изјави Лукјанов.

Според зборовите на Лукјанов, Чешка останува држава во која рускиот бизнис, како и руската политика, имаат посебни чувства. Почнувајќи од 1990-те години, голем број руски бизнисмени купува недвижнина во Чешка, надевајќи се дека ќе добијат некоја корист од стапувањето на Чешка во Европската Унија, а потоа и во Шенгенската зона. Во државата активно инвестира рускиот крупен бизнис - од нафтениот концерн „Лукоил“, до „Новолипецкиот металуршки комбинат“, како и значаен број на мали средни компании. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.