Тешко е да се разговара за последиците доколку САД доживеат дефолт, и тоа не технички, туку реален. Моменталната потрошувачка на САД генерира 3 трилони долари долг годишно. Дефицитот се финансира со зголемување на државниот долг. Секој месец САД се задолжува за 125 милијарди долари за да го опслужува својот долг. Денеска „таванот“ на долгот изнесува 16,394 трилиони долари.
Доколку се случи дефолт во САД, веднаш ќе падне американската берза и ќе се затвори на неколку дена. Другите светски берзи исто така катастрофално ќе паднат. Светскиот БДП стрмно ќе паѓа, а побарувачката на суровини ќе исчезне. Никој нема да купува нафта, гас, челик во време од неколку недели до неколку месеци. Повеќето светски банки ќе банкротираат, голем дел од светското „богатство“ едноставно ќе „испари“. Русија веќе помина доста економски кризи во ХХ век. Таа веќе има спремено механизми за борба со кризата, но дури ни Русија не е спремна за огромен пад на цената на нафтата и гасот. Министерството за финансии веднаш ќе започне со скратување на сите неесенцијални трошоци. Голем број проекти веднаш ќе застанат. За финансиски трансакции, се очекува префрлање на тргувањето со евра, фунти и јени.
Но, после првиот ударен шок, руската економија веднаш ќе се навикне да „живее“ во новите услови. Иако огромен број проекти ќе застанат, извозот ќе паѓа, како и увозот, тоа ќе биде „златно време“ за домашните произведувачи, како што беше и во 1998 година, кога Русија доживеа дефолт. Прехранбената индустрија ќе процвета, исто како и другите индустрии кои произведуваат производи за секојдневна употреба. Русија ќе ги употреби своите милијарди зачувани од нафтата за да ја “рестартира“ економијата во новите услови. Рускиот банкарски сектор ќе се врати на советскиот модел, голем дел банки ќе банкротираат и сите активи (нормално, исчистени), ќе бидат консолидирани во 2-3 државни банки. После првичното стабилизирање во светот после таквиот економски шок, ќе се реактивира извозот на нафта, но овој пат со далеку поригорозни услови за плаќање.
Не бадијала се кажува дека секој пад е мотив за нов раст. Русија доживеа кризи во 1992, 1998, 2004, 2008, кога насобра доволно искуство, правила и инструменти за да излезе од секоја наредна криза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче