Американските некомерцијални организации заминуваат од Русија

Руската Федерација ја напуштија и соработниците на NDI и IRI со семејствата.

Руските одделенија на NDI и IRI без затворени кон крајот на 2012 година. Тогаш шефот на IRI, сенаторот Џон Мекејн го објасни тоа решение со новото руско законодавство за некомерцијалните организации, како и како „одмазда на Русија за законот Магнитски“.

Според „Комерсант“, после изгласувањето на законите кои ја осложнуваат работата на НКО, кај раководителите на NDI и IRI зачестиле посетите од ФСБ.

NDI и IRI се загрижиле и за судбината на руските соработници, па и нив ги зеле во Литванија заедно со нивните семејства. Според новите измени во законот, проширена е дефиницијата за предавство на националните интереси, при што американските некомерцијални организации решиле да ги земат со себе и соработниците кај нив, плашејќи се за нивната иднина.

Американските NDI и IRI во Русија се занимавале со програми за развој на демократското општество, одржувајќи семинари со странски специјалисти и организирајќи посета на изборните процеси за руските политичари во други држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња