Властите на Руската Федерација ќе го вратат познатиот крстосувач „Аурора“ во неговата првобитна состојба и изглед, и ќе се обидат да го припремат за пловидба, соопшти министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.
Тој подвлече дека добил наредба од раководството на државата да го врати „Аурора“ во состојбата што ја имал во советско време.
„Што се однесува до екипажот, униформите, сето тоа може да се направи. Сега ние разгледуваме како да го активираме крсостувачот за да може да плови. Ако го вратиме во првобитната состојба, тоа ќе треба да се направи со парни котли. Ако за тоа има можности, веднаш ќе го операционализираме, бидејќи тврдо сум ибеден дека армијата, како и државата, треба да имаат симболи кои треба да се ценат, од кои треба да се учи“, рече Шојгу.
„Аурора“ е еден од симболите на Октомвриската револуција. Од него е пукано во 1917 година, со што бил даден сигналот за почетокот на револуцијата, односно, за освојување на Зимската палата. Во 1944 година крстосувачот е постојано оставен да стои на реката Нева како музеј-споменик за историјата на флотата. Од средината на ХХ век тој брод претставува филијала на Централниот воено-морски музеј.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче