Во списокот на 100-те најбогати луѓе на светот се најдоа 12 граѓани на Русија. Новиот рејтинг е составен од Блумберг. Најбогат русин останува Алишер Усманов - тој располага со богатство од речиси 20 милијарди долари и го зазема 36-то место во списокот. Виктор Векселберг се најде на 42-то место со сума од 18 милијарди долари. Веднаш зад него е Леонид Михелсон со богатство од 17 милијарди долари, а подолу во списокот се наоѓаат Владимир Лисин и Владимир Потанин со повеќе од 16 милијарди долари.
Освен набројаниве милијардери, во списокот се најдоа и Михаил Фридман, Алексеј Мордашов, Роман Абрамович, Андреј Мениченко, Михаил Прохоров, Вагит Алекперов и Олег Дерипаска.
Алишер Усманов е генерален директор на „Газпроминвестхолдинг“. Сопственик е на компанијата „Медиахолфинг“, издавачката куќа „Комерсант“, косопственик на холдингот „Металоинвест“, компанијата DST Global и Mail.ru Group, фудбалскиот клуб „Арсенал“.
Најбогат човек на планетата, според Блумберг, е мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим. Неговото богатство изнесува 78 милијарди долари, а на второто место е Бил Гејтс со 64 милијарди долари. Третото место го зазема шпанецот Амансио Ортега, кој има речиси 60 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче