Во Роскосмос на 22 јануари се сретнаа раководителите на Федералната вселенска агенција, Владимир Поповкин, и генералниот директор на Европската вселенска агенција, Жан-Жак Дорден. Двете страни зборуваа за перспективите во соработката во областа на истражувањето на Марс и другите тела во Сончевиот систем.
Раководителите на вселенските агенции разменија информација за текот на работата околу реализацијата на проектот „Егзомарс“, и ги ускладија рускиот и англискиот текст на договорот.
Програмата „Егзомарс“ предвидува лансирање на две ракети-носачи „Атлас-5“, како и научен орбитален уред. Според поставените цели, научниците се намерени да извршат истражувања за можните трагови на живот во минатото и сегашноста на Марс, да ја анализираат водената и геохемиската распространетост на површината на планетата, а исто така, да ја истражуваат и внатрешноста на Марс.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче