Думата не го прифати предлог-законот на Комунистичката партија на Русија за одземање на имунитетот на екс-претседателите на Русија

Думата вчера го одби предлог-законот кој беше предложен од Комунистичката партија на Руската Федерација, според кој екс-претседателите нема да имаат гаранција за неприкосновеност.

Думата вчера го одби предлог-законот кој беше предложен од Комунистичката партија на Руската Федерација, според кој екс-претседателите нема да имаат гаранција за неприкосновеност.

„Лицето кое врши должност на претседател, има посебен статус“, констатираше на заседанието на Думата заменикот претседател на комитетот на Думата за уставно законодавство, Дмитриј Вјаткин.

Во 2001 година бил донесен закон, во кој се загарантирани правата на поранешните претседатели на државата и членовите на нивните семејства, а исто така и гаранција за неприкосновеност „која се однесува и на неговиот имот“. Според тој закон „екс-претседателот не може да одговара за административно ниту кривично за прекршоци, со исклучок на тешките прекршоци“.

Според предлог-законот кој го предложи КПРФ, „ниту едно лице во Русија не треба да биде заштитено со имунитет после завршувањето на својата должност“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња