Заедничката финско-германска фирма NokiaSiemensNetworks и „Микран“ од Русија – сакаат оваа недела да поднесат документи во Министерството за индустрија и трговија за добивање статус на руски произведувач на опрема за четвртата генерација на мобилни мрежи, изјави за „Ведомости“ заменикот раководител на Роскомнадзор, Олег Иванов.
Изградбата на инфраструктура за LTE е веќе во план, веднаш откако заврши конкурсот во 2010 година. Засега има два оператора кои ќе нудат ваква услуга – државниот „Ростелеком“ и чеченскиот „Вајнахтелеком“.
„Ростелеком“ во 2010 ја доби дозволата за изградба на мрежа за безжичен трансфер на податоци во дијапазон од 2,3-2,4 гигахерци, но сѐ уште не започнал со изградбата. Заменик претседателот и технички директор на компанијата, Иван Зима, кон крајот на минатата година изјави дека изградбата не е започната поради отсуство на руска опрема за LTE.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче