На странските компании нема да им се дозволува самостојна работа на наоѓалиштата на природни ресурси

Странските компании ќе можат да работат на руските наоѓалишта само како партнери.

Странските компании ќе можат да работат на руските наоѓалишта само како партнери, т.е. самостојната работа нема да биде возможна, соопшти на новинарите вице-премиерот Аркадиј Дворкович.

„Што се однесува до пуштањето на странските компании, нема да има измени, т.е. странските компании ќе можат да работат само како технолошки партнери, но не како сопственици на лиценци за експлоатација“, пренесува РИА Новости дел од зборовите на вице-премиерот.

Дворкович додал дека дискусијата за допуштање на приватните инвеститори на наоѓалиштата е завршена.

„Се договоривме основни играчи да бидат државните компании.“, додаде вице-премиерот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња