На 18 јануари 1943 за време на операцијата „Искра“, после седум напорни дена битки кај селото Марино (Ленинградска област), се соединија војските на Ленинградскиот и Волховскиот фронт. Традиционално, кај селото Марино секоја година се одржува средба на ветераните.
На 12 јануари, веднаш после артилериската подготовка, 67-та армија на Ленинграфскиот фронт и 2-та ударна армија на Волховскиот фронт настапиле во офанзива, и како резултат - тие се приближиле на три километри една од друга. Поради упорното спротивставување на фашистичките единици, на 13 јануари растојанието меѓу двете советски армии се зголемило до 5-6 километри, а на 14 јануари се намалило до 2 километра.
На 18 јануари војските на Ленинградскиот и Волховскиот фрон се соединиле. На тој ден е ослободен и Шлиселбург и е исчистен од противникот цело јужно крајбрежје на езерото Ладога. Пробиениот коридор со ширина од 8-11 километри ја возобновил земната врска со Ленинград. За седумнаесет деноноќија по брегот бил изграден железнички пат и асфалт.
Во моментот на пробивањето на опсадата (18 јануари 1943), во градот останале живи уште 800.000 луѓе. Само за потсетување - градот Ленинград во 1939 година имал 3.191.300 жители.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче