Претседателот на комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков смета дека соопштенијата на германската полиција која се жали на тешкотии при апсењата на мигрантите претставуваат „либерален апсурд”.
„Либерален апсурд: германската полиција се жали што не може да апси меѓу „бегалците“, а да не биде обвинета за расизам и насилство“, напиша Пушков на својот Твитер-профил, пренесува „Взгљад”.
Германија во 2015 година прими околу 1,1 милион бегалци.
Темата со бегалците во Германија особено е актуелна во контекст на настаните во Келн, каде по новогодишната ноќ околу 170 жени поднесоа пријави до полицијата за напади од страна на мигранти. Притоа 117 жени изјавија дека имало обид за силување. На 7 јануари полицијата објави детален извештај за она што се случи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче