Крави отпорни на „минус бесконечно“ живеат во Јакутија (ФОТОГРАФИИ)

Парк на природата „Аан Ајилги“, Мирни, Република Саха (Јакутија), Русија

Парк на природата „Аан Ајилги“, Мирни, Република Саха (Јакутија), Русија

Staselnik (CC BY-SA)
Овие минијатурни крави поднесуваат температура од минус 70°C. Тоа им го овозможува таканаречениот „студен ген“.

Јакутија е најстудениот регион во Русија, каде просечната температура зиме паѓа до -50 Целзиусови степени, а често е и пониска. Луѓето мораат да бидат добро опремени ако сакаат да преживеат такви студови.  А што е со животните? Веќе пишувавме за посебната раса јакутски коњи, а сега запознајте се и со оваа неверојатна раса јакутски крави, кои лесно можат да поминат цел ден на мраз без никакви последици.

Мали, но не зимурливи

Парк на природата „Аан Ајилги“, Република Саха (Јакутија), Русија.

Прво што паѓа во очи е тоа што јакутските крави се многу мали. Тие се за една третина помали од кој било европски вид. Возрасна крава е висока само 110 см. Во просек тежи 400 кг (особено крупните бикови можат да тежат и до 600 кг), додека другите видови крави обично тежат околу 600 кг, а биковите околу 1.000 кг.

Јакутската крава има кратки и силни нозе, како и неверојатно густо влакно во различни бои. Тоа ѝ е неопходно за да преживее на големите студови во текот на зимата и за заштита од фамозните јакутски комарци во текот на летото.

Поднесуваат студ до -70°C

Во селото Кемпендјај.

Во Јакутија постои таканаречен „студен пол“. Населбите Ојмјакон и Верхојанск спаѓаат меѓу најстудените места на земјата каде што луѓето постојано живеат. Таму е регистрирана температура од -70°C, но и во другите делови на регионот е исто така студено.

Зиме, се разбира, овие крави не се изведуваат на пасење, но се изведуваат на поило. Некои фармери им шијат крзнени крзнени „брусхалтери“ за да им биде топло вимето на сите временски услови.

Сено за оброк.

Во Евено-Битантајскиот реон на северот на Јакутија се случило три млади крави да излезат надвор кон средината на септември и да се вратат дома во декември кога надвор било -40 °C. Во дивината јаделе стара трева и снег.

Во Виљујскиот реон во централна Јакутија една крава исто така залутала во септември и се вратила на крајот на јануари, а после сето тоа се отелила надвор, на температура од -45°C.

Видео: Надвор е минус 45, а кравите одат на поило.

„Студен ген“

Теле на јакутска крава, село Кемпендјај.

Се покажа дека таквата издржливост е природна. Научниците од Институтот за цитологија и генетика на Сибирското одделение на Руската академија на науките открија кај јакутските крави уникатна генетска мутација која се среќава и кај фоките и моржовите. На ниски температури нивното срце чука побавно и организмот ја штеди енергијата.

Покрај тоа, дигестивниот тракт на јакутските крави е подолг отколку кај другите видови и со самото тоа тие можат да ја сварат и храната која не е многу хранлива и сочна.

Јакутска крава кај реката Лена. Овие крави се мали, имаат густо зимско влакно, отпорни се на екстремно ниски температури, а месото и млекото им се многу ценети и хранливи.

Останува да се проучи како овие крави се појавиле во Јакутија, но веќе е познато дека овој вид се одвоил од европските пред околу 5.000 години (европските бизони, предците на кравите, се припитомени пред 8.000 години на Блискиот Исток). Кравите потоа можеле да еволуираат и да се прилагодат на јакутската клима.

Некогаш биле на раб на исчезнување

И покрај нејзината издржливост, јакутскиот вид е прилично редок. Одгледувањето на овие крави не е исплатливо бидејќи не даваат многу млеко и месо. Во советскиот период, кога низ целата земја беа основани колхози и совхози (земјоделски фарми), јакутските крави беа вкрстувани со други раси со цел да се зголеми количината на млеко. Но, тоа само го намали бројот на грла на автохтониот вид.

Јакутската крава навистина дава малку млеко, но тоа е отприлика двојно помасно од млекото на европските крави. Содржи 11% масленост, како и повеќе протеини и минерали.

Новородени телиња во шупа на фарма во село, Јакутија, Сибир.

Денес научниците и фармерите работат на обновување на популацијата на јакутските крави. Во моментов има околу 2.500 грла, од кои 900 се молзни крави.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња