За разлика од кафеавите мечки, поларните мечки речиси никогаш не паѓаат во зимски сон (освен бремените женки) бидејќи немаат проблем да ловат и наоѓаат храна во текот на зимата. Белата мечка може без одмор да преплива 80 километри во ледена морска вода. Нејзе ѝ е топло на арктичкиот мраз благодарение на структурата на крзното, која функционира како термос. Во текот на летото белото крзно апсорбира повеќе сончева светлина, така што и тоа му помага.
Огромни сабјозаби моржови, кои живеат во Чукотка и Камчатка, со задоволство се валкаат на мразот среде студениот океан. Толку им е убаво што изгледаат скоро како туристи на плажа во сончевиот Сочи. Во Русија и луѓето кои сакаат да се капат во ледена вода се нарекуваат „моржови“. Под кожата моржот има слој маснотија дебел 10 см што го изолира толку многу што ова животно може дури и да спие во вода. Сабјестите заби му се потребни на моржот за да се движи со нив и да се брани од другите грабливци како што се поларните мечки и китовите.
Звучи неверојатно, но оваа симпатична фока е едно од суштествата што е најотпорни на ниски температури. Живее во Северниот леден океан, но нејзините роднини претпочитаат да живеат во „потоплите“ краишта како што се Балтичкото Море и езерото Ладога. Прстенестата фока го поминува поголемиот дел од својот живот во ледена вода (може да го задржи здивот подолго од 10 минути) и повремено излегува да се одмори на санта мраз. Никогаш не ѝ студи затоа што под кожата има слој од масно ткиво дебел 15 см.
Овој уникатен вид коњи живее само во Јакутија и може да престојува (и да спие) надвор дури и на најголем студи затоа што има дебело подвлакно. Научниците веруваат дека јакутскиот коњ е директен потомок на древните примитивни коњи кои дошле од Азија, а потоа се прилагодиле на поострата клима и со текот на времето го смениле својот изглед. Висок е само 140-145 см и тежи околу половина тон. Тој е дружељубив, мирен и љубопитен.
Јакутската крава е со мал раст (само 120 см) и има многу бујно и меко влакно. Прилагодена е на јакутската зима и дури и ужива во снегот. Минатата година еден фармер од Ојмјакон (едно од најстудените места на планетата каде вообичаената температура зиме е -50 степени Целзиусови) демонстрираше градник за крави што тој самиот го направи за да го заштити нивното млеко. Овие крави излегуваат надвор секој ден и се враќаат во штала само за да преспијат!
Овој вид кучиња веќе 1000 години е верен пријател на домородните жители на Крајниот Север. Самоједите се народ чии припадници ги оставаат овие кучиња да им ги пазат децата, а покрај тоа и спијат на нив бидејќи овие кучиња имаат многу меко крзно.
Самоједските кучиња се многу активни, дружељубиви и отпорни на студ. Всушност воопшто не го сакаат топлото време. Преку лето самоједските лајки сакаат да копаат помали јами и да лежат во нив. Оваа особина често ги лути нивните сопственици, особено ако живеат во град и го чуваат кучето во стан.
Женка и мажјак
Василиј Вишневицки/Legion MediaЕдна од најтоплите работи на светот е перјето на оваа северна патка, која живее по должината на целиот арктички брег и во тундрата. Кралските гавки прават гнезда од камења и ги загреваат со своето перје што самите го кубат. Токму тоа перје им овозможува на пајчињата да опстанат на студот, а луѓето често доаѓаат и го собираат тоа перје кога гавките ќе ги напуштат своите гнезда.
Многу домашни мачки немаат ништо против снегот, иако зиме не сакаат долго време да бидат надвор. Сибирските мачки, меѓутоа, се поотпорни на студена клима и можат да бидат надвор кога температурата е -10-15 степени Целзиусови. Само погледнете го нивното неверојатно бујно и раскошно крзно и ќе сфатите зошто е тоа така. Од друга страна, тоа што тие можат да поднесуваат студ воопшто не значи дека не им е поубаво во вашиот топол стан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче