Русин на своите крави им облече крзнени брусхалтери (ФОТО)

Скриншот, The Siberian Times
Жителот на Ојмјакон и локален ловец Николај Атласов им облече на своите крави крзнени брусхалтери за да ги заштити од смрзнување. 70-годишниот сопственик на пет крави се загрижи на неговите животни надвор да не им биде непријатно поради студот.

„Зиме живеат во шталата, но секој ден излегуваат надвор, дури и ако температурата е минус 60 степениˮ, вели овој Русин.

Градниците за кравите се направени од големо парче топла ткаенина во вид на триаголник со пришиено зајачко крзно или крзно од стар овчи капут. На телото на кравата се прицврстуваат со помош на три ремена: два поминуваат околу половината и еден под опашката. Ваквите градници овозможуваат да се заштита нежната кожа и да се сочува млекото.   

Претходно на годишниот Сибирски саем во Брајнск еден фармер ги облече кравите во униформа на советски војници. Посетителите на саемот различно реагираа на преправените крави. Некои во тоа видоа патриотизам, додека други сметаа дека тоа е неприродно.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња