Путин откри детали за своите патувања во Сибир

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија Владимир Путин откри детали поврзани со одморот кој често го поминува во Сибир.

Шефот на руската држава го раскажа тоа на големата конференција за новинарите што ја пренесува YouTube каналот на агенцијата ТАСС.

Путин рече дека оди во Сибир уште од 2000-тите и дека тоа е важен дел од неговиот живот. „Ете, ме прашавте каде би сакал да живеам. Ми се допаѓа Сибир. Тоа е уникатен екосистем и луѓето се уникатни. Сибирците се златниот фонд на Русија според своите вредности и моралните квалитети. Ги има разни, но јас зборувам во целина“, рече рускиот претседател.

На конференцијата за новинарите Путин го избегна одговорот на прашањето во кој град на Русија покрај Москва и Санкт Петербург би сакал да живее. Претседател не сфати зошто од можниот избор се исклучени двата града и истакна дека Петербург е неговиот роден град и затоа пред сé помислил на него.

Путин истовремено истакна дека во Русија се развиваат и големите и малите градови, но дека на малите треба да им се посвети особено внимание. Рускиот лидер особено го нагласи високото темпо на развој на Краснодар, Крим и Казањ.