Путин отиде на одмор во тајгата и се најде во „смртна опасност“ (ФОТО+ВИДЕО)

Kremlin.ru
Тој плови со чамец, ноќева во шатор и лови риба. Што уште прави рускиот претседател на својот краток одмор – и што го изненадува?

Владимир Путин отиде на мал одмор на почетокот на септември – уште еднаш во сибирската тајга, неговото омилено место за одмор. Кремљ објави видео дури сега. Друштво на претседателот му прави министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Според портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, тоа беше обичен одмор во тајгата, прошетка во планина на чист воздух. Траеше 3 дена на територијата на Сајано-Шушенскиот резерват во Краснојарскиот крај.

За време на одморот Владимир Путин и Сергеј Шојгу ловат риба од чамец и од брегот. „Убава штука“, го коментира министерот уловот на Путин додека ја вади рибата од водата. Потоа од неа си варат рибја чорба „уха“.

Путин и Шојгу беа придружувани од директорот на резерватот Генадиј Кисељов, кој им покажа снимки од фото-замките поставени низ целиот резерват. На една од нив се гледаат снежни леопарди, чија популација е исклучително мала – можат да се видат во многу ретки случаи.

Според Кисељов, на територијата на резерватот живее леопардот Ихтиандар. Кога му довеле женка, се појавил помлад маж и го истерал стариот Ихтиандар: „Тој го избрка, го истера нашиот Ихтиандар, кој сега живее на периферијата. Тој самиот стана татко на семејство. Веќе има две младенчиња“.

Путин и Шојгу се рашетуваат и пешачат во тајгата. Ја поминуваат ноќта во шатори, на надморска висина од околу 1000 м. За да не замрзне претседателот, во близина се пали оган.

За време на минувањето низ тајгата, зад воланот на автомобилот и кормилото на чамецот често се наоѓа лично Владимир Путин. Во една од тие прошетки, машината речиси беше прегазена од стадо елени.

„Просто огромни елени. Такви немам видено... За малку ќе нé удреа. И со таква огромна брзина“, вели Путин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња