Среќен роденден, претседателе! Путин береше печурки во сибирската тајга

Претседателот на Русија Владимир Путин во пресрет на својот роденден се прошета по сибирската тајга и се искачи на планински врв. Фотографиите направени за време на престојот на рускиот претседател во тајгата беа објавени на неговиот роденден на 7 октомври.

Снимките направени за време на престојот на шефот на руската држава во тајгата, како што вети неговиот прес-секретар Дмитриј Песков, беа објавени веднаш по полноќ на 7 октомври, на роденденот на Путин.

Во сибирската тајга

Рускиот претседател шета по сибирската шума и собира печурки во друштво на министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Една печурка (очигледно, вид млечница) особено го привлече неговото внимание.

„Има шишарка на неа“, изненадувачки вели претседателот, гледајќи го клопчето печурки на кое се најде борова шишарка.

На следната снимка може да се види како Путин како се возеше низ тајгата зад воланот на теренско возило. Покрај него беше Шојгу. Дел од патот поминаа пеш.

На снимката се гледа како Шојгу за време на паузата вади од земја корен шумски јагоди. „Можеш да ја посадиш на дачата во Подмосковје“, го советува Путин со насмевка. Шојгу се сомнева дека јагодата ќе се зафати таму: „Ваков воздух и ваква вода треба да имаме во Москва“.

„Во секој случај, треба да се стремиме кон тоа“, сериозно одговара шефот на руската држава.

На втората пауза Путин и Шогу имаа пикник покрај оган.

Над облаците

Шефот на руската држава исто така се искачи на планински врв, од каде уживаше во погледот на околината. „Енисеј изгледа преубаво од овде“, рече Путин.

На снимката се гледа како Путин се качува на планина која, според неговите зборови, е висока околу две илјади метри.

„Високо над облаците. Се искачивме повисоко од облаците“, вели претседателот.

Рускиот претседател во понеделникот, 7 октомври, наполни 67 години. Како што претходно соопшти неговиот портпарол, Путин еден ден претходно ја посети сибирската тајга, а роденденот „планира да го помине во природа, во кругот на семејството и пријателите“.

Во текот на последните неколку години Путин во повеќе наврати заминуваше во тајгата на ден-два, исто така во друштво на министерот за одбрана.

Прочитајте повеќе: Скара на претседателски начин: Путин на одмор во Тува сам спрема маринада за месо, вари чај и кафе

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња