Путин и Шојгу повторно одмараат во сибирската тајга

kremlin.ru
Рускиот претседател ќе се врати во Москва во среда попладне, истакна претставник на Кремљ.

Претседателот на Русија Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу одмараат во сибирската тајга, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

„Тој е навистина таму со Шојгу, местото нема да го наведувам, тоа е во Сибир“, рече претставникот на Кремљ.

Според Песков, одморот опфаќа прошетки во тајгата. Во друштво на Шојгу шефот на руската држава се качува на планини, од каде ја набљудува природата во есен.

Претходно Путин учествуваше на Источниот економски форум во Владивосток, потоа ја посети Амурската област, каде што беше во обиколка на изградбата на инфраструктурните објекти на космодромот  „Восточни“, а се сретна и со губернаторот Василиј Орлов.

Претседателот и министерот за одбрана на Русија во повеќе наврати заедно одеа на одмор. И во март, исто така, беа во сибирската тајга.

Во 2019 година новинарите објавија снимки на кои претседателот во шума собира печурки и му покажува на снимателот шишарка што планира да ја понесе како сувенир. Министерот за одбрана тогаш ископа во шумата грмушка на брусница, а Путин на шега му предложи да ја засади во Подмосковје.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња